ФОН со научно-стручна трибина го одбележа Денот на учителот

Четврта година по ред Факултетот за образовни науки при УГД го одбележува Денот на учителот (5 октомври) со научно-стручна трибина на која се анализираа предизвиците со кои се соочува денес учителската професија.

По четврти пат по иницијатива на Катедрата за дидактика и методика и во организација на Факултетот за образовани науки организираме трибина со истата тематика „Предизвиците и перспективите на учителската професија“ истакна деканката на ФОН, проф. д-р Соња Петровска.

Професорката од Катедрата за дидактика и методика проф. д-р Снежана Мирасчиева истакна дека оваа трибина има за цел да ги собере теоретичарите во високото образование и учителите.

Имаме за цел да размениме искуства од терен, но и да развиеме нови идеи како понатаму и каде е местото на учителот воопшто. Вклучени се интересни теми, говориме за предизвиците, за учителот некогаш и денес, во кој правец го гледаме правецот на учителската професија. Оваа година има интересни наслови, со оглед на тоа дека се вклучени сите институции истакна проф. д-р Снежана Мирасчиева.

Покрај професорите од високото образование, учество зедоа и учителите од основните и средните училишта и од градинките.

Основното училиште „Гоце Делчев“ учествува со труд кој го изработи наставничката Лидија Камчева-Панова во соработка со докторот Страхил Газепов и јас Елена Ташкова. Насловот на трудот е „Предизвикот на учителот за работа со ученици со рефлекторни аномалии“. Знаеме дека нашето училиште работи со деца со оштетен вид и функционираме одлично. Во рамките на ова спроведовме скрининг и како резултат од скринингот произлезе овој труд. Сметаме дека тоа е еден голем предизвик и дека треба да се вложува во компетенциите и стручното усовршување на наставникот истакна директорката на основното училиште „Гоце Делчев“, м-р Елена Ташкова.

Стручната конференција имаше и свечен дел на кој настапија децата од основните училишта со свој рецитал на поезија посветена на учителот. Конференцијата се одржа во свечената сала на Факултетот за образовни науки.

Последен пат изменето на Петок, 07 Октомври 2016 16:14
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…