Факултетот за туризам создава електронски алатки за развој на туризмот на Балканот

Неодамна започна реализацијата на Еразмус + програмата со цел соработка за иновации и размена на добри практики помеѓу високообразовните институции од Балканот.

Преку оваа програма ќе се реализира Проектот за обликување на идното образование во туризмот во кој се вклучени високообразовни институции од Македонија, Грција, Бугарија и од Хрватска. Универзитетот „Гоце Делчев“ како иницијатор и координатор на овој проект го реализира првиот работен состанок на координативните групи, во кој ги зацртаа идните ангажмани во 30-месечниот период.

Проектот  опфаќа две работни групи кои независно ќе работат на терен. Првата група ќе работи на изнаоѓање на национални јадења од земјите учесници, нивна селекција и нивно презентирање во вид на е-алатка која на многу лесен начин ќе може да ја покаже т.е. пресмета нутрициската вредност на секое од нив. Додека втората група ќе работи на развој на современа алатка за менаџирање со сместувачките капацитети, која ќе биде онлајн, достапна за сите студенти кои сакаат да ги унапредат своите познавања во оваа област.

Целиот проект ќе биде поддржан од професорите и асистентите од Факултетот за туризам и бизнис логистика, од кои најмногу ќе се црпат информации (теоретски и теренски) и од каде што ќе бидат инволвирани голем број студенти.

Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…