(Видео) Британски експерти за туризам дел од Научната конференција на ФТБЛ

Професорот Џејмс Кенел и експертот за организирање на манифестации Роб Дејвидсон од Велика Британија викендов беа дел од Научната конференција и работилница организирана од страна на Факултетот за туризам и бизнис логистика. Двајцата врвни експерти од оваа проблематика имаа свои интересни предавања пред студентите и дел од бизнис секторот за тоа што треба да се направи во развојот на туризмот во градовите низ Македонија и во светот и за тоа како правилно да се организираат настани.

Предавањата беа конципирани на начин на којшто беа едукативни и разбирливи за студентите, а побудија и голем интерес кај студентите на туризам и бизнис логистика кои во иднина ќе се занимаваат со оваа проблематика.

Предавањето на професорот Роб Дејвидсон се однесуваше на организирањето на настани и конференции и уметноста во послужувањето на храна на конференциите. Додека предавањето на професорот Џејмс Кенел се однесуваше на културниот туризам и развојот на туризмот низ градовите. Интервјуата со двајцата експерти можат да се погледнат во видеата подолу.

Интервју со проф. Роб Дејвидсон

Интервју со проф. Џејмс Кенел 

Последен пат изменето на Вторник, 08 Ноември 2016 15:27
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…