Тестирајте ја способноста за ориентација: лево и десно

Сигурно некогаш ви се случило да се збуните кога треба да одредите лева и десна страна, особено на часовите по возење кога вашиот инструктор ќе ви рече свртете лево или десно.

Разликувањето на левата и десната страна е сложен невролошки процес во кој се вклучени неколку невролошки функции како што се способностите за интегрирање на сензорни и визуелни информации, јазични функции и меморирање. За некои ова интегрирање на различните невролошки функции е сосема природно, но за некои претставува вистински предизвик.

На следниов линк можете да се тестирате и сами да дојдете до одговорот на која група припаѓате.

https://faculty.washington.edu/chudler/java/hands1.html.

Постои уште еден проблем со кој се соочуваат медицинските лица при работата со пациентите, имено нивната десна страна е секогаш левата страна на пациентот. Според тоа, точното разликување на левата и десната страна вклучува и визуелна функција поврзана со менталното ротирање на сликите.

Неодамна во научното списание „Medical Education “ објавено е истражување во кое биле вклучени 234 студенти по медицински науки, а целта на истражувањето била да се одреди степенот на ризик на работата на медицинските лица додека работат во услови каде се изложени на силна бука, итни интервенции и сл.Резултатите од истражувањето покажале дека дури и најмала бука може да предизвика деконцентрација која доведува до тоа студентите да не можат да ја распознаат левата од десната страна. Ефектот на бука, кој намерно бил креиран, имал поголем ефект кај повозрасната и женската популација.

Истражувањето покажало дека луѓето се склони да ја искривуваат способноста за ориентација и често имаат погрешна проценка за себе. Имено, студентите кои на почетокот на истражувањето се изјасниле дека немаат проблем со разликување на лева и десна страна, во текот на истражувањето покажале лоши резултати.Дел од нив развивале и сопствени техники на ориентација како што е поставување на левиот палец и показалец во положба на латиничната буква „L“ со цел полесно да се ориентираат.

Иако денес тоа сѐ поретко е случај, сепак во медицинската пракса постојат трагични примери кога поради лекарска грека е направена погрешна хируршка интервенција, па во медицинската статистика заведени се случаи на отстранување на погрешен бубрег или оперирана погрешна нога, токму заради неспособноста на хирургот да ја утврди вистинската страна.

Последен пат изменето на Вторник, 20 Октомври 2015 09:20
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…