(Видео) Професорка од Ниш одржа предавање на Економскиот факултет во Штип

Проф. д-р Сузана Стефановиќ во изминатиов период е визитинг професор на Економскиот факултет при УГД и предава на дел од студентите на УГД. Станува збор за експерт од областа на стратегискиот менаџмент.

- Се надевам дека ќе воспоставиме соработка меѓу двата факултетa и дека ќе имаме можност за потпишување на договор и реализација на заеднички проекти и истражувања вели проф. д-р Стефановиќ.

Продеканот на Економскиот факултет, доц. д-р Љупчо Давчев, по чија иницијатива доаѓа професорката од Ниш, истакна дека ваквите предавања се од исклучително значење за збогатување на знаењата на студентите.

Разговорот со професорката од Ниш и продеканот Давчев погледнете го во видеото подолу.

Последен пат изменето на Среда, 09 Ноември 2016 16:02
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…