(Видео) Како учениците да ја засакаат математиката?

Преку проект насловен „Математичка дебата“, Универзитетот „Гоце Делчев“ заедно со неколку партнерски институции од државата и од странство ќе ги дефинира потребите на учениците од 11 до 15 години за изучување на математиката и преку тоа ќе се обиде да ја направи математиката омилен предмет кај учениците.

Знаеме дека имавме низа дебати за тоа дали математиката е доволно застапена во образовниот систем и дали имаме потреба да ја изучуваме повеќе. Овој проект има за цел да ја доближи математиката до учениците и овој предмет да стане омилен кај учениците. Овој проект беше награден од меѓународни институции и се надеваме дека ќе вроди со плод. Проблемот со математиката е кај мотивацијата на учениците, но и кај наставниците кои веројатно треба да ги приспособат наставните програмиизјави професорката Татјана Атанасова-Пачемска, координатор на овој проект

Проектот е во соработка со три училишта од Скопје, од Варна (Бугарија) и од Алба Јулија (Романија). Партнер во проектот е и Универзитетот „Неофит Рилски“ во Бугарија, како и две организации кои поддржуваат математички истражувања: Сојузот на истражувачи на Македонија и Сојузот на математичари на Кипар.

Нашата улога е да придонесеме да се подобри целокупниот успех на учениците по предметот Математика. Честопати се прашуваме зошто имаме лоши резултати, па се надеваме дека на ваквите дебати ќе можеме да видиме што е она што ќе даде позитивен придонес за подобрување на оваа ситуација. Се надевам дека со нашето искуство ќе воспоставиме добри практики во иднина, затоа што бенефит ќе имаат и учениците и наставницитеизјави Александра Пешевска-Митановска, наставник по предметите Математика и Физика во Основното училиште „Љубен Лапе“ во Скопје

Проектот ќе трае две години и ќе им помогне на учениците и на наставниците да воспостават нови практики и нови методи во изучувањето на математиката. Целта е еден од најнеомилените предмети на учениците за две години да стане еден од најомилените.

 

Последен пат изменето на Вторник, 24 Јануари 2017 15:16
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…