Пристигнати 223 апликации на првиот повик на Еразмус плус за 2017 година

На првиот повик за 2017 година во рамки на „Еразмус плус“ програмата на Европската Унија за образование, обука, млади и спорт, пристигнале 233 апликации, што е за 29,5 проценти повеќе во однос на првиот повик од минатата година кога пристигнаа 172 апликации.

Доставените предлог-проекти се во рамки на формалното и неформалното образование и се изготвени од македонски ученици, студенти, наставници, професори, научници и истражувачи, младински и спортски работници, образовни институции и граѓански организации и здруженија, во соработка со соодветни партнери од други европски земји.

Вкупниот буџет за Еразмус+ за 2017 изнесува рекордни 6,25 милиони евра кои се распоредени во три јавни повици во текот на годината, што е зголемување за 78,5 отсто во споредба со 2014 година кога Република Македонија стана дел од програмата. За вториот повик за оваа програма може да се аплицира најдоцна до 26 април, а за третиот до 4 октомври.

За помош при аплицирањето и за одговори на прашања заинтересираните може да се обратат во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност која на својата веб-страница (na.org.mk) ќе ги објавува сите свои активности.

Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…