(Видео) Интервју со амбасадорот на САД: Ако се создадат услови младите ќе се вратат во Македонија

Амбасадорот на САД во Република Македонија, Џес Бејли, во ексклузивно интервју за Универзитетското радио и телевизија одговора на прашања за предизвиците со кои се соочуваат младите и македонското општество.

Од перспектива на дипломат тој смета дека со евентуалниот влез на Македонија во НАТО и ЕУ ќе се создадат можности младите да се вратат назад во Македонија. Тој потенцира дека неговата улога во Македонија е да создава мостови и можности за граѓаните на двете држави и дека неговата моќ е далеку помала од таа што многумина му ја препишуваат.

Ги охрабри сите студенти да ги следат повиците кои ги има Амбасадата на САД во Македонија, особено програмите за студирање во САД и да ги посетуваат американските катчиња каде што можат да добијат многу информации.

Во продолжение проследете го интервјуто што амбасадорот ексклузивно го даде за УГД ФМ и УГД ТВ.

ВИДЕО

Последен пат изменето на Четврток, 06 Септември 2018 12:17
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…