Кауч на факултетот за да стимулира студентска дебата

Неодамна Универзитетот во Пенсилванија во својот двор во кампусот постави кауч за студентите. Овој настан е дел од „Table Talk“, инспириран од „FreeConvo Campaign“ кој има за цел да собере што е можно повеќе луѓе, и тоа луѓе кои поминуваат по улицата во самиот кампус.

„Table Talk“ ги охрабрува студентите да комуницираат меѓусебно без потреба од технологија, за време на ручек, за време на паузата, на масите или пак на кауч.

„Комуникацијата и дебатата меѓу студентите е токму она што Универзитетот во Пенсилванија го бара од студентите“ , вели Бен Полак од Универзитетот во Пенсилванија.

Овој настан се покажал како многу популарен меѓу студентите. Овие каучи биле изнајмени, но поради популарноста на настанот Универзитетот планира да набави свои каучи и да ги постави во дворот на кампусот на Универзитетот.

 

Последен пат изменето на Четврток, 15 Октомври 2015 09:41
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…