(Видео) Писателот Горјан Петрески на средба со младите во Штип

Студенти, средношколци и основци вчера се сретнаа со писателот за деца и млади Горјан Петрески. Средбата се одржа на покана на книжевниот клуб „Кула“ при Универзитетот „Гоце Делчев“.

Библиотеката на Филолошкиот факултет на УГД беше преполна од млади луѓе кои беа заинтересирани да се сретнат со писателот.

- Денес писателот Горјан Петрески на покана на книжевниот клуб „Кула“ ќе разговара со студентите, средношколците и основците од овој регион. Ова е одлична можност за младите луѓе да поразговараат со писателот за неговиот роман „Сама“, а потоа и да го слушнат предавањето на тема „Адолесцентската литература – нејзините перспективи и проблеми“ - изјави проф. д-р Јованка Денкова од Филолошкиот факултет на УГД.

Писателот истакна дека читатели и читателска публика ќе има секогаш, независно од тоа што денес младите луѓе имаат многу повеќе медиуми кои го земаат нивното време.

- Читатели имало и ќе има. Отсекогаш имало предизвици и мене секогаш ми е ист предизвикот да пишувам за младите луѓе. Независно колку се окупирани со интернет предизвици. Имало и ќе има - изјави Горјан Петрески.

Настанот се одржа во Кампус 4 на УГД, а домаќин беше Филолошкиот факултет при УГД.

Видео

Последен пат изменето на Петок, 13 Декември 2019 09:21
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…