УГД преку видео го честита 24 Мај - Денот на сесловенските просветители

ТИЕ СОЗДАДОА ДЕЛО,
НИЕ ИМАМЕ АМАНЕТ И ДОЛЖНОСТ.
ЧЕСТИТ 24 МАЈ - ДЕН НА МАКЕДОНСКИТЕ И СЕСЛОВЕНСКИ ПРОСВЕТИТЕЛИ СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ!

Да се создаде нешто што едновремено ќе биде истрајно низ вековите и севременско меѓу генерациите е повеќе од капитален труд. Такви се оставнината и делото на светите браќа Кирил и Методиј. Тие создадоа писмо таму каде што имаше јазик, а немаше букви. Преведоа книги со вдах од светлина таму каде што беше од неукост темнина. Спореа и надмудруваа. Твореа и просветлуваа.

Ние денес со сите наши заложби, со несебичниот трансфер на знаења кон нашите студенти и преку сите заеднички проекти се трудиме посветено да го негуваме кирилометодиевското дело.

Низ празничниот дух на творците на словенската писменост и по повод 24 Мај - Денот на св. Кирил и Методиј, Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев" - Штип ви претставува активност од еден пообемен проект на професори и студенти од Катедрата за македонски јазик и книжевност, насловена како „Уште се живи оние што ги виделе нив".
Нека се вечни делото, споменот и заветот на македонските и сесловенски просветители!

Нека е честит 24 Мај, празникот на светите Кирил и Методиј, творци на азбуката, основоположници на словенската писменост!

 

Последен пат изменето на Вторник, 26 Мај 2020 10:29
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…