УГД на 5. Глобален самит на образование

Универзитетот „Гоце Делчев“ преку проректорот за настава проф. д-р Мишко Џидров учествуваше на петтиот „Microsoft Connections Summit 2021”, кој има глобален карактер и учествуваат универзитети од целиот свет.

Проректорот Џидров учествуваше со своја дискусија во панелот кој се однесуваше на тема за постковид (The Post Covid Campus: A University Panel Discussion). Овој панел се однесуваше на тоа што сѐ може да се научи по Ковид кризата и колку универзитетите долгорочно се променија по овие големи и невообичаени поместувања во високото образование.    

Универзитетот „Гоце Делчев“ беше издвоен од страна на Мајкрософт како добар пример во однос на преминот од физичка во онлајн настава.

На Самитот за високо образование сите универзитети ги споделија своите искуства со онлајн наставата и посочија со кои предизвици се соочувале во текот на целиот процес.

Уште пред 14 години Универзитетот ја имаше таа визија дека дигиталните алатки се многу потребни во високото образование, па кога започна пандемијата ние веќе бевме, на некој начин, подготвени и ги користевме платформите. Она што ни беше потребно е дополнување со Мајкрософт тимс. И баш вчера проверував како се одвивала таа работа. Веднаш по започнувањето на пандемијата и напуштањето на класичното образование ние со Мајкрософт сме успеале да се координираме за четири дена. Целиот систем го конфигуриравме во текот на викендот и веќе во понеделник, на 17 март, започнавме со онлајн настава“, истакна проректорот проф. д-р Мишко Џидров споделувајќи го искуството од Универзитетот „Гоце Делчев“.

Интересен пример кој проректорот  го спомена е тоа дека во 2019 година снежна бура оневозможила некои од професорите да патуваат и да одржат предавања, па така професорите од УГД морале да се екипираат и да држат предавања преку интернет. Од овој настан се создало и упатство за онлајн предавања, кое им било пренесено и на останатите професори, па така УГД бил подготвен за онлајн предавања многу пред почетокот на пандемијата.

Кој би помислил дека снежна бура може да ве подготви за глобална пандемија. Ова впрочем ми даде до знаење дека веќе деновите со многу снег нема да бидат изговор да нема настава“, истакна Брајан Гибсон од Мајкрофот кој ја модерираше целата панел-дискусија.

Целиот настан може да се погледне на следниот линк>>>.

Последен пат изменето на Петок, 05 Февруари 2021 17:56
Share this article
Повеќе во оваа категорија: « УГД на светски самит на образование

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…