Професорот Серафимовски од ФПТН избран за претседател на Националниот совет за високо образование и научна дејност

Проф. д-р Тодор Серафимовски од Факултетот за природни и технички науки при Универзитет „Гоце Делчев” – Штип неодамна е избран за претседател на Националниот совет за високо образование и научноистражувачка дејност.

Мандатот на новоизбраниот претседател на Националниот совет за високо образование и научноистражувачка дејност, проф. д-р Тодор Серафимовски, е за период од две години.

Националниот совет за високо образование и научноистражувачка дејност е самостоен стручен орган кој треба да работи на обезбедување, оценување, развој и унапредување на квалитетот во високото образование и научноистражувачката дејност во државата.

Националниот совет има обврска еднаш годишно да ги информира Собранието и Владата за предлог-мерките, решенијата и препораките што ги дал за подобрување на високообразовната дејност. Формиран е согласно со Законот за високо образование и е составен од 15 члена – 12 професори, и по еден член од МАНУ, од деловната заедница и од студентите.

Последен пат изменето на Четврток, 01 Јули 2021 09:57
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…