Стипендии за студирање во Италија – аплицирајте до 13 јули

Владата на Република Италија продолжува со поддршката што им ја дава на заинтересираните македонски државјани за студирање во Италија.

За академската 2021/2022 година на располагање се ставени стипендии за повеќе категории на студии, како и за истражувачки активности и курсеви за усовршување на јазикот за студенти по италијански јазик. Еве ги категориите на студии во Италија за кои кандидатите може да аплицираат:  

  1. НАПРЕДНИ КУРСЕВИ ЗА УСОВРШУВАЊЕ НА ЈАЗИКОТ ЗА СТУДЕНТИ ПО ИТАЛИЈАНСКИ ЈАЗИК (ОД 3 МЕСЕЦИ):
  2. СТУДИИ ЗА ВИСОКО УМЕТНИЧКО И МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ;
  3. ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ (втор степен - две години);
  4. ДОКТОРСКИ СТУДИИ;
  5. ИСТРАЖУВАЧКИ АКТИВНОСТИ. 

       Повеќе информации за стипендијата може да се најдат на следниов линк: https://studyinItaly.esteri.it, како и на страницата: www.ambskopje.esteri.it. Апликацијата треба да биде целосно пополнета и испратена онлајн заклучно со 13 јули 2021 год. (14 часот). 

Последен пат изменето на Понеделник, 05 Јули 2021 12:24
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…