(ВИДЕО) Царовска: УГД прави исчекор секоја програма да биде поквалитетна и поатрактивна

Министерката Мила Царовска во гостување за универзитетските медиуми на Универзитетот „Гоце Делчев“ зборуваше за развојот и иднината на високото образование во државата. Високото образование се соочува со голем предизвик на немање студенти. Министерката потенцира дека ова е предизвик на многу универзитети во регионот и решението е кај проактивноста на универзитетите.

- Намалувањето на бројот и на ученици и на студенти е демографско прашање. Секако дека се дискутира за ова прашање и се воведуваат демографски политики кои даваат малку резултати, тука е иселувањето на младите. Сето ова доведува до помал број на студенти, но многу значајно е и дека имаме голем број на факултети и универзитети по број на жители. И тоа исто е предизвик за кој треба да се разговара.  Она што државата го прави е поттикнување на универзитетите да имаат што поатрактивни програми со тоа што нивна е целосната автономија - вели министерката Царовска.

Факт е дека има голем број студенти од Северна Македонија кои избираат да студираат во странство. Министерката ги охрабрува универзитетите да направат поатрактивни програми за домашните, но и за странските студенти.

- Имаме капацитет да привлечеме странски студенти. Токму вашиот универзитет, а има и други универзитети, кои создаваат атмосфера за да привлечат странски студенти. Сѐ уште треба да работиме на надминување на бирократските процедури во процесот на прифаќање на тие студенти. Сепак се потребни атрактивни програми. Важно е и првенствено да работиме на квалитетот. Мислам дека вашиот универзитет навистина прави исчекор со секоја наредна програма во подобрување на квалитетот, но и атрактивноста. Како за условите за студентите и сервисите кои се нудат, така и за начинот на кој професорите ги презентираат програмите. Мислам дека еден од начините како да имаме повеќе студенти во државата е и привлекувањето на студенти од надвор - вели министерката Царовска.

Меѓу другото, во интервјуто за универзитетските медиуми министерката за образование и наука го коментира и актуелниот закон и дали се потребни одредени измени на истиот. Според нејзиното мислење законот е доста флексибилен, но мора да се работи на негова примена. Во однос на финансирањето на универзитетите, министерката Царовска истакна дека е потребно реобмислување на начинот на финансирање. Тоа ќе започне да се прави, но со дебата со универзитетите кои сигурно имаат добри решенија.

Целосното интервју погледнете го во продолжение. 

 

 

Последен пат изменето на Понеделник, 06 Септември 2021 09:37
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…