Професорите на УГД за свети Климент - основоположникот на македонската писменост

Универзитет „Гоце Делчев” во Штип заедно со студентите и професорите од Факултетот за образовни науки и Филолошкиот факултет го организираа настанот „Образованието од Климента до денес".

- Ние имаме привилегија да бидеме едни од поддржувачите на делото и ликот на свети Климент, основоположникот на македонската и сесловенската писменост. Иако постои една огромна дистанца, свети Климент живеел и творел некаде во 11 век. Помеѓу неговото и нашето време се случувале многу работи на овие простори, меѓутоа тој уште е инспирација за нас педагозите, учителите, историчарите, теолозите... Поради тоа одлучивме наши професори од различни области кои ги имаме на ФОН, кои го проучуваат неговото дело и се поддржувачи на тие општи човекови вредности што владеат до ден-денеска, секој од свој агол да покажат како го доживуваат свети Климент. Секако, ние имаме и должност да го продолжиме неговото дело и понатаму со нашата жива материја, а тоа се студентите – изјави проф. д-р Емилија Петрова-Ѓорѓева, деканка на Факултетот за образовни науки.

Настанот започна со рецитал во чест на св. Климент - „Сонцето што нѐ чува“ на студенти од Факултет за образовни науки и Филолошки факултет при УГД, а професорите од УГД се обратија со следниве теми:

- проф. д-р Стојко Стојков – „Свети Климент – учител на многу народи“;

- проф. д-р Виолета Николовска – „Свети Климент Охридски – учител и ученик“;

- проф. д-р Снежана Мирасчиева – „Таму каде што се среќаваат традицијата и сегашноста“;

- проф. д-р Трајче Стојанов – „Етичките димензии на ликот и делото на свети Климент“;

- проф. д-р Даниела Коцева – „Црковната просветителска и преродбеничка дејност“.


 

Последен пат изменето на Вторник, 07 Декември 2021 19:58
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…