Задолжителни педагошки сертификати за сите професори во високото образование?

Задолжителен сертифициран педагошки тренинг за сите кои се дел од високото образование е една од препораките на извештајот „Модернизација на високото образование“ на Европската комисија за подобрување на наставата во високото образование.

 

Трудот објавен во научното списание „Journal of the European Higher Education Area“ зборува за можната реализација на ваквите сертифицирани тренинзи за професорите на факултет. Трудот презентира модел на професионален развој (МАЛТ) кој ги зема предвид потребите на студентите, институцијата и академскиот персонал. Овој труд ги зема предвид и аспектите на тоа дека професорите ќе имаат отпор спрема овие нови промени.

Европската научна фондација вели дека одличните наставници се создаваат, а не се раѓаат. Последните трендови во високото образование во Европа го сврти вниманието на наставата и она што го добиваат студентите. Во Европа ова значи дека студентите, независно од каде се наоѓаат, мора да добиваат исклучително знаење.

Во трудот се вели дека во изминатите години владите и меѓународните организации правеа напори да се подобрат и зајакнат институциите за високо образование и сите препораки беа во таа насока. Препораките на OECD – UNESCO, Европските стандарди за процесот Болоња, како и „INAQAAHE“ препораките се во насока за обезбедување на квалитетни институции во смисла на исплатливоста/рентабилноста и во насока на обезбедување на автономијата.

Во трудот се вели дека на глобално ниво многу земји воспоставиле институционални практики за подобрување на квалитетот на предавањата и наставата воопшто, но сепак ова не е случај со цела Европа. Во извештајот на Европската комисија се акцентирани неколку препораки меѓу кои и тоа секоја институција да развие и имплементира стратегија за поддршка на квалитетот на наставата. Но и препораката сите кои предаваат и се дел од наставата на универзитетите до 2020 година да добијат сертифициран педагошки тренинг. Наставниците треба да добиваат континуирана професионална едукација за предавање во високо образование.

Трудот зборува за начините како тоа би можело да се имплементира во високото образование без да се наруши автономијата на универзитетите и да се одбегне отпорот што ќе го имаат професорите кон оваа мерка.


Трудот може да се најде на следниов линк: http://www.ehea-journal.eu/index.php?option=com_docman&task=doc_details&gid=403

Извор : http://www.ehea-journal.eu

Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…