Менторските вежби – помош при намалување на математичката анксиозност

Психолошката напнатост или анксиозност при решавањето математички проблеми може да биде ослободена со менторска програма еден на еден, вели една нова студија на Факултетот за медицина на Универзитетот Стенфорд. Менторството ги поправа абнормалните реакции во мозочните регии одговорни за стравот.

Студијата, објавена на 9 септември во Списанието за невронаука е прв документ кој сведочи за ефективен третман во математичката анксиозност кај децата.

Најинтересниот аспект од нашите истражувања е тоа што когнитивното менторство не само што го подобрува перформансот, туку ја намалува и анксиозноста“, вели главниот автор на истражувањето Винод Менон, професор по психијатрија. „Изненадува фактот што ние во суштина можеме да влијаеме врз математичката анксиозност“.  Дури и ако учениците се добри во математика, многу од нив се чувствуваат анксиозно при решавањето на математичките проблеми.
Кај некои анксиозноста останува во текот на целиот живот, одбивајќи ги од идни часови по математика, како и кариери кои се основаат на математички способности. Речиси воопшто не е посветено внимание на тоа како да се помогне во ублажувањето на овој проблем.

Математичката анксиозност е под радар“, рече еден од авторите на студијата, истражувачот Каустуб Суперкар. „Луѓето мислат дека таа едноставно ќе исчезне, но кај многу деца и возрасни не се случува ова“.

Мерење на математичката анксиозност

Новото истражување беше основано на принципот на терапија која ги соочува со проблемот и на овој начин ги третира фобиите. Ова исто така може да биде корисно во намалувањето на математичката анксиозност. На пример, фобијата од пајаци може да биде ослободена преку константно соочување со пајаци во сигурни околности.

Истражувањето вклучи 46 деца од трето одделение. Пред менторството, секое дете правеше тест што го одредува неговото ниво на анксиозност поврзана со математиката. Децата беа поделени во две групи – една група со деца кај кои е присутно високо ниво на математичка анксиозност, а другата со ниско ниво на математичка анксиозност. Тие исто така направиле и стандардно невропсихолошко тестирање при кое беа тестирани за дополнителни едноставни проблеми преку снимање со функционална магнетна резонанца.

Скенирањето на мозокот кај децата со високи нивоа на математичка анксиозност покажа активација на таканаречениот „центар на стравот“ или амигдала, базирано на претходни истражувања од Менон и неговите колеги објавени во 2012 година. По првата магнетна резонанца, децата учествуваа во интензивна осумнеделна менторска програма која вклучи 22 предавања. По предавањата, тестовите за математичка анксиозност и снимањата со магнетна резонанца беа повторени. Сите испитаници покажале подобри резултати по менторските вежби. Децата кои покажале високи нивоа на математичка анксиозност ги имаа намалено нивните нивоа на анксиозност по менторските вежби, додека оние со ниски нивоа на анксиозност имале непроменети резултати.

Ублажена анксиозност

По менторските предавања, региите на стравот и амигдалата кај децата кои имале високо ниво на математичка анксиозност, потврдувајќи дека менторството ја ублажи анксиозност.

Се уверивме дека ние всушност можеме да им помогнеме на децата во намалувањето на анксиозноста со едноставно соочување со проблемот“, рече Суперкар.

Истражувачите планираат да спроведат идни истражувања кои ќе откријат кои аспекти од индивидуалното менторство биле најкорисни. Менон сака да дознае дали интеракцијата помеѓу менторите и студентите е тоа што игра поголема улога и дали компјутерското менторство може да ги даде истите резултати во промената на мозочните регии.

Менторството имаше стандарден протокол, но исто така е и персонализирано“, вели Менон. „Доколку детето е заглавено во еден поединечен концепт, менторот пробува да му пристапи на детето охрабрувачки“. Менторството се одвива еден на еден, така што децата немаат можност да се плашат од споредбата со нивните соученици, што исто така може да помогне. „Ни требаат повеќе истражувања за да го разбереме ова“, додава Менон.

Истражувачите исто така би сакале да откријат дали овие позитивни ефекти од менторството би им помогнале на децата и при решавањето на покомплексни проблеми.   

Извор:  http://sciencedaily.com 

Последен пат изменето на Вторник, 17 Ноември 2015 16:34
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…