Како поуспешно да се совлада читањето кај децата

Постои силна врска помеѓу навиките за читање во домот во кој расте детето уште во неговата најрана возраст и напредокот на детето уште во првите училишни денови. Ова е заклучок донесен при истражување направено од истражувачкиот проект „On Track” и Норвешкиот центар за читање на Универзитетот во Ставангер, Норвешка.

„Постои голема разлика помеѓу децата на шестгодишна возраст. Додека многу деца од прво одделение веќе се способни да читаат сами, други сѐ уште се во фазата во која разбираат дека буквите презентираат одреден звук. Од истражувањето дознаваме дека е важно децата да бидат добро подготвени за читање кога почнуваат со училиште. Студијата покажува дека ставот на родителите кон читањето, возраста на која родителите почнуваат гласно да им читаат на децата и интензитетот на читање се клучни елементи во подготвувањето на децата за читање во училиште“, вели Вибеке Бергерсен, еден од истражувачите кои учествуваа во оваа студија.

Истражувачкиот проект истражуваше начини за превенирање на тешкотиите при читање и пишување. Тој вклучи 1.171 ученици од прво одделение од 19 училишта во Норвешка, како и нивните родители. Резултатот покажува дека бројот на книги коишто децата ги имаат и им се читани од страна на нивните родители уште од најмала возраст директно влијае на нивната способност за читање кога тргнуваат на училиште.

Ова е затоа што честото читање на што помала возраст влијае врз детскиот вокабулар и фонолошката свесност. Второто е поврзано со свесноста за различните звуци во јазикот и е важно во учењето на првите букви. Децата на кои им се читаат разни содржини преку кои се среќаваат со разни лингвистички игри, ритми и останати звуци стануваат посвесни за врската помеѓу буквите и звуците и така полесно го совладуваат читањето“, објаснува Бергерсен.

Повеќе читање – подобар вокабулар

Читањето на глас пред децата има големо влијание врз квантитетот на научени зборови.

Возраста помеѓу 18 месеци и 3 години е највлијателен период во учењето на јазикот. Затоа, важно е на децата да им се чита уште од најрана возраст. Ова го збогатува нивниот вокабулар. Децата со поголем вокабулар разбираат многу повеќе од она што се случува во училиштето и полесно го совладуваат училишниот материјал. Важно е родителот да има добри читачки способности и добро разбирање за напишаниот материјал“, вели Бергерсен.

Студијата на Бергерсен покажува дека 80% од родителите ги научиле нивните деца на буквите пред да почнат со училиште, а 20% од првоодделенците веќе знаеле да читаат. „Ова значи дека во клас од 30 ученици, 6 од нив веќе знаат да читаат уште пред првиот училиштен час. Овие ученици треба да доијат соодветен материјал за читање и часовите треба да бидат планирани така што децата кои сѐ уште не знаат да читаат ќе бидат соочени со материјали соодветни за нивните способности“.

Во овој контекст, Кјерсти Лундертри, професор во Норвешкиот центар за читање додава: „Кога децата почнуваат со училиште, учителите треба да одвојат време да го запознаат секој ученик и да направат кратко истражување на нивните способности“.

Извор: http://ciencedaily.com 

Последен пат изменето на Четврток, 19 Ноември 2015 12:04
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…