Културните разлики се причина за тоа дали децата ќе бидат фер

Концептот на праведност ги опфаќа сите луѓе, од децата на игралиштето до бизнисмените во преговорите. Научна студија вели дека културните разлики ги обликуваат децата дали ќе развијат чувство на фер и праведност со значителни варијации меѓу државите.

Дечиња од седум држави: САД, Канада, Мексико, Перу, Индија, Сенегал и Уганда почнале да ги одбиваат нефер, односно неправедните работи на возраст од 4 до 15 години. Интересно е што кај сите деца се забележува одбивање на игри каде што тие се во обесправена положба во однос на другите, но само кај некои деца се забележува одбивање на игри каде што тие се во подобра положба од другите. Со еден збор, некои од децата бараат целосно фер услови.

„Претходни истражувања кај возрасни луѓе покажаа дека идеите за праведност и фер варираат во однос на општествата“, вели Катерин Мек Аулифи, психолог на колеџот Бостон во Масасчусетс.  „Таа варијација мора да започнала некаде и некогаш“, вели Мек Аулифи авторка на овој труд кој е објавен во „Натур“.

Истражувањето не прави јасна граница помеѓу специфични култури. Тешко е да се постави јасна дефиниција за праведност и фер. Еден начин да се проучува овој феномен е да им се понуди на луѓето нееднаква понуда и да се види дали тие ќе ја одбијат повеќе отколку онаа која е праведна понуда. Со цел да ја тестираат аверзијата кон нееднаквите понуди кај децата, Мек Аулифи и нејзините колеги дизајнираа многу едноставен експеримент. Тие поставиле 866 парови на деца кои седеле еден спроти друг. Меѓу двете деца поставиле една машина која им дели слатки работи на двете деца. Едно од децата имало можност да одлучува 16 пати дали ќе ја прифати или одбие понудата. Понудите биле или еднакви – на двете деца по една слатка или нееднакви – на едно од двете деца четири, а на другото една слатка. Со влечење на зелена рачка детето можело да ја прифати понудата и со тоа слатките паѓаат во чинија каде им е дозволено да си ги земат или да повлече црвена рачка со што слатките паѓаат на средина на масата и ниту едно од децата не ги добива. Во половина од случаите она дете кое одлучувало било доведувано намерно во понеповолна позиција – понудите биле подобри за другото дете. Во половина од другите случаи било обратно – детето кое донесувало одлуки било доведено во поповолна ситуација, односно добивало повеќе слатки. Имало и такви понуди каде што на двете деца им била понудена по една слатка – тие понуди се сметаат за праведни. Одбивајќи ги неправедните понуди почесто од праведните докажува дека чувството за праведност е развиено. За тоа како се одвивал експериментот може да се види во видеото подолу.

Децата од сите општества ги одбивале понудите во кои другото дете добива повеќе слатки, но во САД, Канада и Уганда децата ги одбивале и понудите во кои и тие добиваат повеќе слатки. Ова се проектира и на повозрасни години, кога се одбиваат неправедни понуди кои сугерираат дека постои чувство за праведност кое се фокусира и на другите, покрај себеси.

Истражувачите велат дека уште многу ќе ги анализираат добиените податоци кои можат уште многу да кажат за тоа од каде потекнува нееднаквоста и дали таа е поврзана со некои културолошки фактори.

Последен пат изменето на Петок, 20 Ноември 2015 09:35
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…