Розовото езеро „милкшејк“ едно од најнеобичните езера во светот

Во Африка, североисточно од Дакар, во Сенегал се наоѓа едно од најнеобичните езера во светот.

Станува збор за езерото Ретба, познато како „милкшејк“ езеро заради својата карактеристична розова боја добиена заради високата концентрација на сол.

Високото ниво на сол во Ретба претставува одлична средина за развивање на специфичните зелени алги „Dunaliella salina“ кои под влијание на солта произведуваат црвен пигмент кој апсорбира и користи сончева енергија.

Сличноста со Мртвото Море е тоа што капачите можат слободно да се опуштат без страв дека ќе потонат, а разликата е во тоа што во Мртвото Море нема живи организми.

Заради заштита, капачите во Ратба мораат да стават заштитен масен слој кој ја штити кожата од големата концентрација на сол.

Извор: http://nationalgeographic.com 

 

Последен пат изменето на Вторник, 24 Ноември 2015 12:44
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…