Кои држави објавуваат најмногу во најпрестижните научни списанија?

„Nature“ е едно од најпрестижните научни списанија во светот. Станува збор за британско списание кое моментално има 41.456 импакт фактор. Ова списание се издава од далечната 1869 година и речиси секоја година е рангирано како едно од најцитираните научни списанија во светот. Во текот на една недела ова списание прима 53.000 научни трудови, а само мал дел од нив се објавуваат. Ова списание е дел од групацијата NPG (Nature Publishing Group) која објавува неколку списанија од различни области.

Оваа групација направи анализа за тоа кои држави и кои институции во светот објавуваат најмногу трудови во нивните списанија. Листата на држави изгледа вака:

  1. САД;
  2. Германија;
  3. Велика Британија;
  4. Кина;
  5. Франција.

За тоа кои институции најмногу објавуваат во списанијата на NPG листата изгледа вака:

  1. Универзитет Харвард (САД);
  2. Универзитет МИТ (САД);
  3. Универзитет Стенфорд (САД);
  4. Национален институт за здравје (САД);
  5. Институт „Макс Планк“ (Германија).

Македонија со само четири труда во изминатиот едногодишен период е на 120. место од 158 рангирани држави во светот. Од регионот, по Македонија е само Црна Гора, која е на 132. место, а од Европа по Македонија и Црна Гора се само државите кои речиси не се занимаваат со наука – Ватикан, Монако и Сан Марино. Од регионот Босна и Херцеговина е на 110. место, Албанија на 112., Словенија на 39., Србија на 52., Хрватска на 46., а Бугарија на 53. позиција. 

Од македонските институции во списанијата на „Nature“ имаат објавувано само Македонската академија на науките и уметностите, Универзитетот за информатички технологии „Св. Апостол Павле“ и Македонското еколошко друштво.

Целосната анализа може да се најде на следниот линк: http://www.natureasia.com/en/publishing-index/ 

Последен пат изменето на Среда, 25 Ноември 2015 10:05
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…