Истражување - која е најпосакуваната професија?

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип започна со истражување чијашто цел е да покаже какви се интересите и желбите на младите за нивната идна професија.

Анкетата е наменета за матуранти, но и оние кои планираат да го продолжат своето образование со запишување на прв циклус студии.

Истражувањето се врши преку анкетни прашалници кои се дистрибуираат низ средните училишта во Македонија, како и преку електронски прашалник поставен на веб-порталот http://life.ugd.edu.mk.

Истражувањето ќе заврши на крајот од месецот, а резултатите ќе бидат објавени во јануари.

За да ја пополните анкетата посетете го следниов линк

Последен пат изменето на Четврток, 03 Декември 2015 09:54
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…