Филолошки факултет при УГД на конференција во Бугарија

Во периодот од 4 до 6 декември годинава, Филолошкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип учествувашe на 7 Меѓународна конференција „Knowledge capital of the future” која се одржа во Банско, Бугарија.

Работната тема за истражување беше „Knowledge for capabilities and skills“.

На конференцијата со свои презентации учестуваа проф. д-р Билјана Ивановска и доц. д-р Нина Даскаловска кои одржаа предавање на тема „Одредување прагматичка компетенција кај студентите кои изучуваат германски и англиски јазик“.

Работилница под наслов: „Birds are free (?)“ одржа доц. д-р Марија Емилија Кукубајска, а проф. д-р Виолета Димова одржа работилница со наслов  „Естетиката на комуникацијата во образованието“, како и предавање во коавторство со проф. д-р Махмут Челик под наслов „Методот естетика на комуникацијата во образованието - За рецепцијата на литературното дело во наставата“.

Сите изложувања беа прифатени со интерес и условија продлабочување на контактите и врските со факултетите од соседните балкански и европски земји.

Последен пат изменето на Среда, 09 Декември 2015 09:44
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…