Емпатичните наставници ја зголемуваат детската мотивација

Наставниците кои имаат високо ниво на емпатија ги зголемуваат мотивацијата и академските вештини кај децата, како на пример читањето, пишувањето и аритметичките вешини. Позитивната атмосфера која ја создава наставникот ја подобрува мотивацијата кај децата, вели една студија направена на Универзитетот во Источна Финска, Универзитетот Јуваскила и Универзитетот Турку.

Според Сиекинен, раководител на истражувањето, првите години од основното училиште, односно од прво до трето одделение се критичен период во создавањето на здрава и безбедна врска помеѓу ученикот и неговиот наставник. Емпатичниот став на наставникот ја заштитува сликата кое детето ја има за себе.

„Важно е да научиме за механизмите кои ги инспирираат децата да станат важни членови во училишната заедница, ги мотивира да учат и да поставуваат цели, со други зборови да веруваат во своите способности во остварувањето на нивните цели“, додава Сиекинен.

Тој додава дека истражувањето ќе продолжи со фокус на родителите и нивната врска со децата како важен елемент во мотивирањето и поставувањето на целите кај децата.

Извор: www.sciencedaily.com

 

Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…