Училница со поглед на зеленило го подобрува успехот на учениците

Средношколците покажуваат подобар успех во учењето доколку нивната училница е со поглед на зеленило и природа, вели истражување направено во Универзитетот во Илиноис, САД.

Истражувањето опфати 94 ученици од пет средни училишта во Илиноис. Учениците беа распоредени во три различни училници – една без прозорци, другата со прозорец кој гледа во друг објект или паркинг и третата со прозор кој гледа во зелена површина. Сите училници имаа слична големина и ентериер.

Учениците учествуваа во експеримент во кој имаа 30 минути да завршат активност како пишување, усно одговарање и ментални математички вежби. По завршување на активностите, по кратка пауза, учениците направија тест на вниманието, во кој требаше да повторат серија броеви кои претходно ги слушале.

За време на експериментот, со помош на сензори им беа измерени физиолошките промени на нивните нивоа на стрес преку мерење на нивниот пулс, температурата и изгледот на кожата.

Откритијата беа изненадувачки: учениците кои престојуваа во училница со поглед на зеленило, имаа подобри резултати дури 13% во однос на учениците во другите две училници. Слично на ова, учениците кои престојуваа во училницата со зеленило имаа пониско ниво на стрес од останатите.

Сепак, разликата беше видлива на тестовите што тие ги направија по кратката пауза, но не и за време на тестирањето.

За ова научниците кои го направија истражувањето имаат објаснување.

Тие велат, кога некој се фокусира на една работа ги отстранува сите дефокусирачки моменти, без разлика дали се работи за надворешни или ментални дефокусирања. Ова го исцрпува ученикот и тој подоцна има тешкотии повторно да се фокусира.

За разлика од училниците без прозор и оние со поглед кон друг градежен објект, училниците со поглед на природа и зеленило не ги дефокусира учениците, односно тие за време на паузата повеќе се одмораат и потоа имаат ментални способности за продолжување на друга серија активности – во случај тест на вниманието.

Истражувачите предлагаат дека нивните откритија можат да им помогнат на архитектите, планерите и училишната организација во подобрување на менталното здравје на учениците.

Извор: www.sciencedaily.com.

Последен пат изменето на Вторник, 26 Јануари 2016 10:19
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…