130 тома македонска книжевност на саем во Штип

„Да се купи книга е прва лига“, со ова мото НУ Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ во Штип ќе се обиде да ги привлече читателите на новиот саем кој ќе се одвива од 3 до 5 февруари. На саемот ќе бидат претставени дела од македонската книжевност по исклучително ниски, саемски цени.

Саемот се отвора на 3 февруари во просториите на Библиотеката во Штип. Промотор на саемот ќе биде Ефтим Клетников, наш познат писател и член на Друштвото на писателите. На Саемот ќе биде промовирана и книгата „Допрено време“ од роднокрајниот писател Благој Самоников. Саемот ќе трае три дена, а посетителите ќе имаат можност да го проследат од 9 до 19 часотизјави Соња Манева од НУУБ „Гоце Делчев“ – Штип

Литературата е дел од проектот „130 тома македонска книжевност“. Штипјани и сите останати ќе имаат можност да ги набават овие книги по унифицирана саемска цена од 157 денари.

Оваа едиција на македонска литература е преведена и на англиски јазик, а веќе на неколку наврати се најде на литературни манифестации ширум светот. Во септември Библиотеката во Штип ќе има уште еден саем кој ќе опфаќа литература од повеќе издавачки куќи од Македонија.

Последен пат изменето на Понеделник, 01 Февруари 2016 12:47
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…