Пет неверојатни научни факти

Науката ги открива најневеројатните работи за нештата околу нас. Науката може да даде одговор на најголемите прашања. Науката е таа која ги продолжи животите на многу луѓе и ги спаси општествата од многу катастрофи. Во продолжение ви презентираме пет факти кои звучат неверојатно, но сепак науката докажала дека се точни.

1. Во телото на просечен човек има доволно ДНК за да се растегне од Земјата до Плутон – 17 пати.

     - Човечкиот геном, генетскиот код во секоја човечка клетка, содржи 23 ДНК молекули, а секоја од нив содржи од 500 илјади до 2,5 милиони нуклеотиди. Молекулите на ДНК се долги од 1,7 до 85 сантиметри или 5 сантиметри во просек. Во човечкото тело има околу 37 трилиони клетки.

2. Во телото на човекот има десет пати повеќе бактерии отколку клетки.

     - Иронично е што панично си ги миеме рацете и се плашиме од бактериите, а во нас има многу повеќе од што мислиме. Научниците велат дека ги има десет пати повеќе отколку клетките. Но не грижете се, голем дел од овие бактерии не се штетни, впрочем не би можеле да живееме без нив.

3. За да стигне еден фотон од јадрото на Сонцето до површината на Сонцето се потребни 40 илјади години, а само 8 минути од површината на Сонцето до површината на Земјата.

     - Растојанието од јадрото на Сонцето до површината на Сонцето не е многу голема (696.000 километри), но фотонот произведен во јадрото треба да помине низ многу процеси за да избие на површината. Со сложени калкулации може да се пресмета тоа време кое е неколку илјади години. Интересен е фактот што Сонцето кое денес пристигнува на нашата планета е енергија произведена пред илјадници години.

4. Големиот корален гребен е најдолгото живо суштество на планетата. Долг е 2.000 километри.

     - Коралните гребени во суштина се голем број индивидуални корални полипи – безрбетни животни, меѓусебно поврзани со ткиво. Големиот корален гребен е најголемата жива структура на планетата Земја. Ова е единствениот жив организам кој е видлив од вселената.

5. Во една лажичка вода има осум пати повеќе молекули на вода отколку што има лажички вода во Атлантскиот Океан.

     - Една лажичка вода (околу 5 милилитри) содржи 2×1023  молекули на вода. Тоа се толку многу молекули на вода што ако ги разложите на атоми и ги поставите еден до друг со тоа ќе можете да го обиколите Сончевиот систем – десет пати.

Последен пат изменето на Среда, 10 Февруари 2016 11:35
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…