Кое казнување и наградување се најдобри за детето?

Една нова американска студија истражува како децата реагираат на дисциплинските мерки кои ги преземаат нивните наставници и родители и дава одговор на тоа: која од овие дисциплински мерки децата ја гледаат како фер.

Наставниците кои наградуваат или казнуваат цела група ученици поради лошо однесување на поединци во групата, на деца од 4 и 5-годишна возраст им изгледа како фер, додека поголемите деца оваа мерка ја гледаат како нефер однесувањевели Крег Смит од Центарот за раст и развој на Универзитетот во Мичиген, САД

Податоците покажуваат дека децата од предучилишна возраст го сметаат за фер казнувањето на цела група поради лошото однесување на едно дете од групата, но ова не значи дека тие се поостри или непријателски расположени кон другите деца, туку едноставно имаат различна претстава за тоа што е „фер“. Тие во суштина се поподложни на солидаризирање.

Истражувачите направија испитување на деца од 4 до 10-годишна возраст во врска со најфер начинот на наградување и казнување. 4 и 5-годишните деца во најголем дел избраа на сите деца во групата да им се додели истата награда или казна, без разлика на однесувањето.

Во првите години од основното образование одговорот се менува во рамки на едно позрело размислување, па така децата од 6 до 10-годишна возраст одговорија дека луѓето треба да го добијат она што го заслужуваат.

Ова мислење го делат и најголем дел од возрасните луѓедодава Смит

Извор: www.sciencedaily.com.

Последен пат изменето на Четврток, 25 Февруари 2016 11:04
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…