(Видео) Професор од Бања Лука ги едуцираше студентите за фамилијарни бизниси

Професорот Јово Атељевиќ од Бања Лука во изминатата седмица, како дел од својот престој на УГД, одржа предавања пред студентите на Економскиот факултет во Скопје, Струмица и во Штип.

Предавањата беа во насока на претприемништво и започнување и одржување на фамилијарни бизниси.

Фамилијарните бизниси се исклучително значајни за развој на домашните економии, но и како можност за младите луѓе за самовработување. На овој вид на бизнис му се посветува многу мало внимание и од државата и од универзитетите на Балканот, а сметам дека е потребно да се ангажираме повеќе. Гледам дека на Универзитетот „Гоце Делчев“ има капацитет за тоа и можност студентите да се едуцираат и да се поттикнат за претприемништво и развој на фамилијарни бизниси.изјави проф. д-р Јово Ателјевиќ од Економски факултет во Бања Лука

Продеканот на Економски факултет во Штип, доц. д-р Љупчо Давчев, истакна дека ваквиот вид на посети и предавања од странски професори станува пракса на Економскиот факултет и дека овој вид на настава ќе продолжи и во иднина.

Ова предавање е реализирано благодарение на соработката што ја имаме со меѓународните факултети и универзитети. Од ваков вид на предавања ќе научат студентите, но и наставничкиот кадар кој ќе размени искуства и ќе воспостави соработка на нови меѓународни проекти.изјави доц. д-р Љупчо Давчев, продекан за настава на Економски факултет

Дел од тимот професори кои се вклучени во оваа активност е и доц. д-р Тамара Јованов-Марјанова, која истакна дека ова е нешто кое факултетот ќе го прави во иднина, а во насока на задоволување на очекувањата на студентите.

Ова значи доближување до концептот на давање комплетно образование и искуство на студентите и надминување на претходните концепти на едноставно нудење услуга на високо образование. Разликата меѓу двата принципа е суштинска. Концептот со давање на искуство е запознавање со желбите, намерите и понатамошните очекувања на студентите и, соодветно на тоа, конципирање на високото образование во насока на нивните очекувања.истакна доц. д-р Тамара Јованов-Марјанова

Ова е прво од серијалот предавања на професори од странство кои ќе бидат дел од Економскиот факултет до крајот на оваа студиска година.

Последен пат изменето на Среда, 09 Март 2016 11:44
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…