Американски професори: Македонските студенти учат многу бргу

Двајца лекари и професори од САД во рамките на нивниот престој во Клиничката болница во Штип одржаа предавања и практични вежби на студентите од Факултетот за медицински науки. Практичните вежби се однесуваа на симулација на белодробно мозочно оживување.

Овде сме да градиме врски со факултетот и болницата и да предаваме на студентите. Моето предавање се однесува на новините од последните истражувања за срцево, белодробно, мозочно оживување. До сега имаме одлично искуство. Вработените во болницата, лекарите и професорите одлично си ја работат работатавели Марк Ленард, анестезиолог од САД.

Лекарите велат дека студентите се соодветно подготвени со знаење и дека многу бргу учат. Тие им пренесоа знаење кое е од најновите научни истражувања, но според зборовите на американските лекари професорите и студентите овде ги следат трендовите во медицината.

Денес зборувам со студените за лапароскопија и за тоа како се прави лапароскопијата и кои се новините. До сега работам со хирурзи и односот со нив е одличен. Импресиониран сум од нивното знаење и од знаењето на студентите. Тие се посветени на знаењето и на пациентите. Има лекари кои доаѓале претходно овде и планираме да ја развиваме таа соработка уште повеќе. Овде сме да размениме идеи и да помогнеме што можеме во областа на медицина. Некои други членови од нашата фела од САД доаѓаат овде следниот месец, а можеби и јас следната година. Мислам дека знаењето кое го поседуваат лекарите, професорите и студентите е на завидно ниво, ја познаваат литературата и читаат нова литература. Ограничени се можеби малку во однос на опремата, но свесен сум дека тоа е исклучително скапо. Интересно е што учат многу бргу, јас предавам и во САД и можам да забележам дека овде студентите учат многу побргу, вели Доналд Сауер – Хирург од САД.

Студентите исто така беа многу задоволни од она што имаа можност да го слушнат од лекарите. Велат дека ваквите начини на настава се многу корисни да се дознаат најновите медицински трендови.

Студентите од завршните години од ФМН денес имаа чест од страна на двајцата лекари имаа обука за тоа како да се извршуваат процесите за оживување на пациентите. Овие симулациски и практични вежби се одлични за да можеме да го практикуваме теоретското знаење. За нас е огромна чест и задоволство што тие обуки ги држат луѓе од САД кои ги следат трендовите во светската медицина,изјави Страхил Тодоров , студент на ФМН.

Овие еминентни американски специјалисти во Македонија се како дел од проектот „Македонски - Американски Лекари“, кој е во организација на Министерството за здравство.

Последен пат изменето на Четврток, 10 Март 2016 15:59
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…