Американскиот лекар кој ја победи смртоносната ебола ќе одржи предавање на УГД

Факултетот за медицински науки при УГД организира предавање на д-р Кент Брентли од САД кое ќе се одржи во понеделник (21 март) со почеток во 14 часот во свечената сала на Кампус 2.

Предавањето ќе биде отворено за сите заинтересирани студенти и вработени кои сакаат да ја слушнат инспиративната приказна на д-р Брентли кој во 2014 година беше избран за личност на годината од страна на магазинот „Time“.

Американскиот лекар Кент Брентли бил дел од медицинската мисионерска група „Samaritan's Purse“, чија главна цел била лекување на пациенти заболени од ебола во Либерија. Додека ги лекувал пациентите заболени од ебола се заразил од вирусот и бил првиот Aмериканец вратен во САД со цел да биде лекуван од вирусот со сѐ уште експерименталниот серум во Универзитетската болница „Емори“ во Аталанта, Џорџија.

По неколкумесечното успешно лекување, тој е целосно излекуван. Во септември 2014 година имал средба со американскиот претседател Барак Обама во Белата куќа, а истиот месец д-р Брентли три пати донирал своја плазма за да ги спаси животите на другите Aмериканци заболени од ебола.

Истата година одржал говор за време на Молитвениот појадок во Вашингтон, а магазинот „TIME“ го прогласува д-р Кент Брентли за „Личност на годината“ за 2014 година.

Последен пат изменето на Среда, 16 Март 2016 12:07
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…