Интервју со проф. Сашо Поповски: Формирањето на вистински уметник бара макотрпна работа

Кои клучни моменти влијаеле во оформувањето на Вашата кариера, од почеток па до денес?

Мајсторскиот клас за џез импровизација на проф. д-р Милчо Левиев, средбата со Џон Аберкромби, како и големиот број концерти од различни жанрови кои сум ги посетил.

Кои се Вашите омилени теми за предавање? Зошто?

Врската помеѓу џез историјата и џез теоријата ми е една од омилените теми за предавања, случајно или намерно овие две области се надополнуваат и го имаат клучното место во формирањето на различните стилови во џез музиката.

На кои научни области сте сконцентрирани денес? Дали тоа се истите области што Ви го привлекувале вниманието на почетокот од Вашата кариера?

Во континуитет тоа е изучувањето на џез гитарата, во моментот сум сконцентриран во екпериментирање со нови методи за импровизација и композиција, и во континуитет истражување на нетипичен пристап кој се разликува од традиционалното свирење на гитара.

Дали мислите дека постојат одреден тип на луѓе кои се создадени да бидат музички уметници? Кои вештини им се потребни?

Се разбира дека природниот талент секој треба да го поседува, но формирањето на вистински уметник подразбира часови и часови макотрпна работа, изградување на сопствен јазик, стил кој на крајот го дефинира и одделува секој уметник.

Какви се, според Вас, денешните студенти во споредба со студентите во минатото?

Мојот ангажман на УГД - Штип во моментот е 8 години и како таков е релативно краток период за да можам да правам споредби со моменталната состојба и во минатото. Единствено што е битно во моментот е тоа што кај нас имаме навистина талентирани студенти кои се посветени на изучување на џез музиката за што треба голема љубов, храброст и посветеност за комплетирање на студиите.

Што за Вас значи добар универзитетски професор?

Човек кој ги слуша своите студенти секогаш наоѓа време за нивните прашања и го поседува студентскиот порив за континуирано учење.

Кои се придобивките од воведувањето на ЕКТС во студиите?

Воведувањето на овој систем ја олеснува работата во делот за студентска размена, но им помага на идните дипломирани студенти за полесно кандидирање на втор и трет циклус студии.

Како успевате да им го задржите вниманието на студентите за време на Вашите предавања?

Предавањето џез музика само по себе создава огромен простор за импровизација, што само по себе го прави секое предавање посебно и единствено. Јас го практикувам моделот теорија во пракса, па така за секое предавање следи практична демонстрација - преку свирење на инструмент или гледање на видео запис.

Која е Вашата порака до студентите?

Бидете свои, креирајте го својот став преку континуирано истражување и секогаш имајте прашање повеќе!

Последен пат изменето на Петок, 08 Април 2016 15:27
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…