(Видео) Професор од Литванија: Вашите студенти се многу интерактивни

Проф. д-р Ваидас Гиедримас од Универзитетот „Утенос Колегија“ во Литванија оваа седмица одржа неколку предавања на УГД како дел од програмата Еразмус плус. Тој е професор по информатика и предавањата ги одржа пред студентите на Факултетот за информатика при УГД. Од она што досега го видел, истакна дека студентите овде се многу интерактивни во споредба со студентите во Литванија.

- Вашите студенти се поживи, како да кажам, поинтерактивни. Не се плашат да поставуваат прашања, да дојдат по предавањето, да дискутираат и да речат: „Видов на слајдовите дека оваа работа се прави вака, но мислам дека може и на друг начин“. Ми се допаѓаат многу вашите студентите. Нашите студенти се малку постудени, побавни, знаете ние сме од север, тие можеби знаат нешто но не сакаат да го покажуваат тоа и не прашуваат многу - вели професорот од Литванија.

Професорот Гиедримас посочи дека има можност за соработка со УГД и со Факултетот за информатика на повеќе полиња.

- Соработката преку програмата Еразмус плус е започната, така што ваши студенти можат да дојдат во Литванија и наши студенти да дојдат овде. Тоа е нов договор, сѐ уште ниту еден наш студент не бил овде, но се надевам дека во иднина тоа ќе се случи. Дел од мојата посета е и воспоставување на соработка. Веќе комуницирав со некои професори од Факултетот за информатика и зборувавме за заеднички истражувања. Исто така, морам да споменам дека мојот универзитет и вашиот учествуваат во акциите на ЕУ и веќе започнавме некои истражувања во рамките на овие програми - истакна професорот Гиедримас.

УГД повеќе години е дел од програмата Еразмус и веќе голем дел од професорите и студентите заминаа на практична настава во странство или, пак, странски професори и студенти се дел од Универзитетот „Гоце Делчев“.

Последен пат изменето на Петок, 15 Април 2016 15:13
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…