Германец – промотор на македонската култура низ светот одржа предавање на УГД

Професорот д-р Волф Ошлис, македонист од Германија, денеска одржа предавање пред студентите на Филолошки факултет при УГД. Тој истакна дека во Германија има интерес за изучување на македонскиот јазик и македонската култура.

Во Германија има интерес за изучување на македонската музика, култура и јазик. Има безброј поводи да се занимаваат и да се запознаваат со Македонија. Најголемиот македонистички центар се наоѓа во Саксонија и таму тие веќе имаат долга традиција. Исто така, и на други универзитети се изучува македонски јазик. Јас, на пример, три години бев лектор на Универзитетот во Келнистакна д-р Волф Ошлис

Тој истакна дека во Македонија има многу работи кои на Германците им се интересни за проучување, на пример има многу истакнати поети. Ошлис превел многу книги од македонски на германски јазик, меѓу кои е и книгата на Крсте Петков Мисирков „За македонцките работи“. За Мисирков професорот Ошлис вели дека е архитект на македонската литература.
Ова предавање беше во рамките на Месецот на преведување, кој е во организација на Филолошкиот факултет при УГД. Деканката на Факултетот истакна дека овој професор е исклучително значаен за промоција на македонската литература и македонскиот јазик во светски рамки.

Денес го започнуваме серијалот гостувања по повод Месецот на преведувањето. Предвидовме да поканиме видни и истакнати стручњаци од оваа област, без разлика дали се од нашата земја или од странство. Професорот Ошлис е голем промотор на македонскиот јазик, литература и култура низ целиот свет. Тој со своите преведени дела од македонски на германски јазик навистина покажува дека нашиот јазик заслужува внимание и дека треба да бидеме горди што сме Македонци и што имаме ваков богат лексикон и што имаме ваква култураистакна деканката на Филолошки факултет, доц. д-р Драгана Кузмановска

Филолошкиот факултет ќе продолжи со серијалот гостувања на предавачи од Македонија. Целта е овој месец да се даде посебен акцент на оваа гранка која се изучува на Филолошкиот факултет при УГД.

Последен пат изменето на Понеделник, 18 Април 2016 13:33
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…