(Видео) Ова се електронските алатки што им се на располагање на сите студенти

Универзитетот „Гоце Делчев“ денеска одржа трибина преку која ги презентираше електронските алатки со кои располага УГД, кои им го олеснуваат студирањето на студентите. Раководителите на одделите преку презентации ги запознаа идните студенти со можностите што ги имаат.

На оваа трибина, пред сите присутни, раководителите на Е-индекс, Е-учење и Е-библиотека ја демонстрираа работата на соодветните платформи, ги демонстрираа предностите на истите, особено фактот како тие го олеснуваат студирањето на нашите сегашни и идни студенти.

Трибината се одржа во Мултимедијалниот центар на УГД, како дел од активностите за доближување на Универзитетот до идните студентите. УГД ТВ ја сними целата трибина и може да се види во трите видеа кои се поделени според презентациите за Е-индекс, Е-учење и Е-библиотека.

Последен пат изменето на Среда, 27 Април 2016 15:27
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…