Приказ на предметите според таг: konkursi
Амбасадата на Австрија нуди стипендии на тема „Конфликт и соработка“
Амбасадата на Република Австрија во Скопје има чест да ве информира во врска со Програмата за стипендија на Европскиот форум Алпбах на тема „Конфликт и соработка“. Стипендијата нуди можност за учество на семинари и пленарни дебати.
Повик за Научна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“
Правниот факултет при УГД и оваа година, четврта по ред, ја организира Меѓународната научна конференција насловена како „Општествените промени во глобалниот свет“.
Презентација за Фулбрајт стипендија
Во среда 15 март во предавална 1 на Кампус 2, со почеток во 12 часот, ќе се одржи презентација за Фулбрајт стипендија.
Предавач ќе биде Газменд Иљази, кој е асистент за образовни програми во Амбасадата на САД во Република Македонија и ќе одржи презентација за стипендиите што ги нуди Амбасадата на САД во Република Македонија.
Стипендии за студиски престој на високообразовните установи во Република Чешка
Во тек е јавен Конкурс за доделување на стипендии за академската 2017/2018 година за студиски престои на државните високообразовни установи во Република Чешка во времетраење од 2 до 10 месеци.
ИАЕСТЕ конкурс за платена стручна пракса во странство
Студентската организација ИАЕСТЕ Македонија (Меѓународна организација за размена на студенти од техничките факултети) го распишува Надворешниот конкурс 2017 за аплицирање на платени стручни пракси во странство. Секој студент од техничките факултети при државните универзитети има можност да конкурира и да биде прифатен за една од 46-те најразлични пракси ширум светот.