Студентка сака да ја промени свеста за модата кај младите

Ана Ѓорѓиева, студентка на Технолошко-технички факултет има желба преку модниот блог да ги промени младите и нивната перцепција за модата. Веќе пет години Ана се труди со свои критики и совети да им помогне на младите во изборот на својот стил.

-Тоа е место каде што зборувам за моите чуства кои се поврзани со модата и како тоа нашиот менталитет ја прифаќа модата. Блогот го пишувам за да се искажам самата себеси за да ја подигнам свеста кај младите за да ја сваќаат модата како уметност а не како забава, како што стои во повеќето весници во рубриката забава. вели Ана

На блогот најмногу може да се најде текстови кои се повразни со секојдневието и со модата и се става акцент дека е важно да се облекуваат така како што се чувствуваат. Ана редовно го пишува својот блог и сега за сега е задоволна од посетеноста.

-Објавувам еднаш до двапати месечно бидејки не сум константен блогер тоа не ми е професуја туку занимација. истакнува младата блогерка

Блогот како форма на изразување во светот е многу развиена, но кај нас сè уште е во подем. Блогот буквално претставува „дневник на веб“, написите се нарекуваат „постови“. Блогот е слободно место каде блогерите можат да се изразуваат слободно да објавуваат постови на одредена тема, да добиваат коментари, да отворат тема за дискусија или дебата.

Блогот на Ана може да се најде на www.ana-stil.blogspot.com и да се добива корисни совети за модата и стилот секојдневно. Ана пишува на македонски и на англиски јазик, а публика има од секаде од светот.


Ana

Ana

Ana

Последен пат изменето на Петок, 16 Октомври 2015 14:37
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…