(Видео) Кинескиот универзитет Вухан доделува стипендии за студентите на УГД

Заменик-деканот на Универзитетот за технологија Вухан во Кина деновиве е во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“.  Јуан Гуохуа е во потрага по студенти кои би можеле да добијат целосни стипендии за студирање на нивниот Универзитет во Кина, кој е еден од најдобрите универзитети во оваа држава.

Ние имаме околу 1.500 интернационални студенти, но многу малку од нив се од Македонија. Јас сум овде со надеж дека ќе успеам да привлечам студенти на кои целосно ќе им биде покриена школарината, а ќе добијат и одредени средства за престој во Кина за време на нивните студии. Се надевам дека ќе има интерес  вели заменик-деканот Гуохуа.

Оваа соработка е иницирана од продеканот на Машински факултет при УГД, доц. д-р Мишко Џидров, кој е стипендист на Владата на НР Кина на овој Универзитет. Според зборовите на продеканот од Кина, македонските студенти кои досега студирале таму се многу трудољубиви и редовно се меѓу најдобрите. Ние направивме кратко интервју со гостинот од Кина, а во продолжение можете да го погледнете и да се информирате за сите детали. Заинтересираните студенти можат да добијат детални информации и во Канцеларијата за меѓууниверзитетска соработка во Кампус 2.

Последен пат изменето на Среда, 22 Јуни 2016 14:58
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…