Студенти на Факултетот за информатика добитници на две од петте награди за студиски престој во Кина

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, главниот извршен директор на Хуавеи во Македонија Марин Тинчев и амбасадорката на Народна Република Кина во Македонија Jин Лисјен присуствуваа на свеченото доделување ваучери на петте најдобри студенти во областа на информатички технологии и телекомуникации.

Програмата „Huawei Seeds for the Future“ постои од 2008 година, а во Македонија се одржува по трети пат. Добитниците на ваучерите од Факултетот за информатика, Дарко Цебов и Ивана Цебова, ќе престојуваат во Кина на двонеделна студиска посета, каде што ќе имаат можност да ги надградат своите знаења.

Посакувајќи им успешен престој во Кина, министерот Манчевски истакна дека ова ќе биде позитивно искуство за студентите бидејќи тие ќе имаат можност да видат во пракса сѐ што научиле за време на студиите. ИКТ струките во Македонија произведуваат квалитетни кадри, кои понатаму имаат можност да добијат вработување насекаде во светот. Сепак, министерот Манчевски им порача на студентите по завршувањето да се обидат да успеат овде, во Република Македонија.

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…