Студенти од европски универзитети преку „Еразмус плус“ на УГД

Четириесетина студенти од универзитети од повеќе европски држави во наредниот период ќе престојуваат на Универзитетот „Гоце Делчев“ преку програмата „Еразмус плус“. Ова претставува континуитет на високото ниво на практицирање на оваа програма за студентска размена на УГД, како во поглед на престој на студенти на УГД, така и со заминувањето на наши студенти на европските универзитети.

 - Универзитетот е домаќин на 40 нови студенти на програмата „Еразмус плус“ од скоро сите земји на ЕУ. Во наредните пет месеци тие ќе бидат гости на УГД, на градот Штип и на Македонија. Тие овде ќе учествуваат во активности во наставата, истражувањето, апликативната дејност. Станува збор за динамична програма која на УГД во изминатите три-четири години се работи доста добро, се направија близу 300 договори со универзитети од ЕУ. Преку интернационализацијата и размената на студенти и професори се прави и размена на креативноста, новите идеи и знаења. Интернационализацијата веќе е многу повеќе од традиција и амбиција, бидејќи станува збор за спојување на заеднички идеи, за соработки кои може да продолжат и по завршувањето на студиите. Ние очекуваме дека ќе бидеме добри домаќини како универзитет, а студентите ќе бидат препознаени во средината каде што ќе живеат и ќе студираат во наредните месеци – изјави проректорот за настава на УГД, проф. д-р Кирил Барбареев.

Според Сања Стефанова, координатор на „Еразмус плус“ за УГД, најголем дел од оваа група студенти ќе престојува на Факултетот за медицински науки.

- Најголем дел од студентите се на ФМН, но има и на Факултетот за информатика, Економски факултет, Ликовна академија, Машински и Правен факултет. Покрај студии, има група од Шпанија која е на пракса и ја реализира праксата во лабораториите на УГД, но и во клиничките центри со кои УГД има соработка. Имаме студенти од Италија, Шпанија, Франција, Полска, Романија, Португалија и Турција – изјави Стефанова.

Последен пат изменето на Петок, 01 Март 2019 15:26
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…