Презентирани образовните програми на Амбасадата на САД

Студенти, професори и асистенти на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип имаа можност да се запознаат со образовните програми на Амбасадата на САД.

Презентација на програмите и можностите за стипендии одржа Газменд Илази, асистент за образовните програми во Амбасадата на САД, а беа презентирани стипендии за додипломски (Global UGRAD), постдипломски и докторски студии (Fulbright student, Fulbright scholar), како и други образовни и професионални можности (Study of United States Institutes, Hubert H. Humphrey, Technology innovations and entrepreneurship) за усовршување во најелитните универзитети и институции во САД. Програмите за овие можности се отворени, а заинтересираните студенти добија и дополнителни информации за постапката за аплицирање и добивање на дополнителни информации во врска со стипендиите, престојот во САД и искуствата на досегашните добитници на стипендии.

Последен пат изменето на Среда, 03 Април 2019 09:44
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…