Анкета за студентите на УГД: Кажете го мислењето за вашиот факултет?

Почитувани студенти,       

Во Самоевалуација 2015 - 2018 на нашиот Универзитет клучно место има Студентската анкета. За таа цел на платформата за е-учење на секој факултет е креирана анкета.

За анкетата е креиран посебен курс за секој факултет со кратенката на факултетот (пример: АНКЕТА ЛА, АНКЕТА МА, АНКЕТА ФА, АНКЕТА ЕТФ, АНКЕТА ЗФ, АНКЕТА МФ, АНКЕТА ТТФ, АНКЕТА ФИ, АНКЕТА ФПТН, АНКЕТА ФМН, АНКЕТА ЕФ, АНКЕТА ПФ, АНКЕТА ФОН, АНКЕТА ФТБЛ, АНКЕТА ФФ), за сите 12 факултети и 3 академии на УГД.

За сите факултети кон курсот на е-учење за анкетата се пристапува со клучот: anketa.

Анкетата за сите факултети е отворена до 30 април 2019 година и истата е анонимна за сите студенти редовни и вонредни од втора, трета и четврта година.

Прашалникот се состои од определени претпоставки и тврдења кои се однесуваат на условите за студирање на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип во периодот 2015 - 2018 година. Вашите искрени одговори ќе придонесат за нивно подобрување.

Искористете ја можноста да го кажете своето мислење за УГД.

 

Упатство

Прашалникот е поделен на неколку страници и за навигација меѓу нив користете го копчето Следно. На крајот, за да ги потврдите вашите одговори, потребно е да кликнете на копчето Потврди ги сите и заврши.

Успешна работа!

Последен пат изменето на Понеделник, 15 Април 2019 14:17
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…