Едукативни семинари за студентите на ФМН

Д-р Дејн Собек и д-р Тим Гол, лекари од САД, одржаа предавања пред студентите од насоката Општа медицина на Факултетот за медицински науки.

Предавањата беа во рамките на Едукативен медицински семинар, организиран од Факултетот за медицински науки, на теми „Advances in Interventional Cardiology“ и „The top 10 things every new GP should know“. Во организацијата на семинарот активно се вклучија и студентите на ФМН.

Овој настан е организиран од нас студентите, помогнати од нашиот факултет и деканот Рубин Гулабоски. Целта е подобро да се запознаеме со докторите кои ни одржуваат и практична настава во болницата во Штип. За нас од клиничките години на факултетот ова е особено важно за да си го усовршуваме своето знаење, особено практично, да имаме различен пристап кон пациентите, како и да се соочиме со тоа што нѐ очекува во иднина во нашата пракса. Нам ни е задоволство да организираме вакви настани и се надеваме дека ќе има уште, со помош од нашиот факултет – изјави Марија Кондева, студентка во петта година на Општа медицина на ФМН.

Д-р Тимоти Гол е професор од Питсбург, Пенсилванија, и е дел од проектот за медицинска едукација. Тој изрази задоволство од соработката со деканот Гулабоски, Факултетот за медицински науки, како и со директорот на Клиничка болница во Штип д-р Ален Георгијев.

Денеска на студентите им предавам за тоа како да бидат подготвени кога ќе дипломираат за да им понудат најдобра нега и грижа на пациентите. Со студентите имаме можност да работиме и во реални услови во болницата и таму им пренесуваме знаења како да постапат со пациентите, како да донесуваат одлуки, што е следното што треба да се преземе. Задоволен сум од студентите на УГД, сакаат да учат, гладни се за учење и задоволство е да им се помогне она што го научиле да го применат во пракса – изјави д-р Тимоти Гол.

Последен пат изменето на Петок, 19 Април 2019 14:04
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…