Студентите на дентална медицина и протетика на пракса во клиниките во Ниш

Студентите од последната година на насоката Дентална медицина на Факултетот за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип по покана на проф. д-р Драган Красиќ, во периодот од 10 до 12 април, беа во посета на Факултетот за медицински науки при Универзитетот во Ниш, Република Србија.

Во рамките на посетата студентите изведоа дел од практичната работа по предметот Mаксилофацијална хирургија, чијшто предметен наставник е професорот Красиќ.

Студентите се запознаа со работата на Клиниката за максилофацијална хирургија и поделени во тимови имаа можност да учествуваат во згрижување на пациентите во амбулантскиот и стационарниот дел на клиниката, како и да учествуваат и асистираат во текот  на извeдувањето на различни хируршки интервенции кои ги изведуваат искусни хирурзи од клиниката. Студентите беа придружувани од десетина професори и асистенти, кои исто така имаа можност да се запознаат со функционирањето на стоматолошките клиники и на Факултетот за медицински науки при Универзитетот во Ниш.

Колегите од двата факултети во Штип и во Ниш договорија следна средба на Интернационалниот студентски конгрес и летна школа во организација на студентите на дентална медицина и стручен забен теничар-протетичар, која ќе се одржи во периодот од 23 до 26 маj 2019 г. во хотел „Десарет” на брегот на Охридското Езеро.

Последен пат изменето на Понеделник, 22 Април 2019 14:27
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…