Студентите на УГД победија на Државен натпревар по ораторство

Студентите на УГД однесоа прво и трето место на традиционалниот Државен натпревар по ораторство, кој се организира по повод 9 мај – Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот. Меѓууниверзитетскиот натпревар по јавно говорење беше на тема „Активни млади – жива демократија“.

Настанот е во организација нa Европското движење на Македонија, а оваа година домаќин на настанот беше Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола. На настанот учествуваа и тројца студенти-оратори од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, кои воедно се и членови на Клубот на оратори: Ана Михаиловска – прва година, Факултет за природни и технички науки; Марија Kоцева – трета година, Правен факултет и Адријан Стефанов – трета година Филолошки факултет.

Притоа, Ана Михаиловска го освои првото место на оваа значајна манифестација, додека пак нејзината колешка Марија Коцева го освои третото место во официјалната конкуренција на држење говор на зададена тема.

Студентите беа менторирани од доц. д-р Димитар Апасиев од Правниот факултет при УГД.

Последен пат изменето на Петок, 10 Мај 2019 09:09
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…