Распишани конкурси за избор на студентско раководство на сите факултети на УГД. Секој студент има право да се пријави

Сите заинтересирани студенти имаат право да се пријават на конкурсите кои се веќе распишани на сите факултети за избор на Факултетско студентско собрание.

Конкурсот е распишан на 4.11.2019 година и ќе трае до 12.11.2019 година.

Студентите кои сакаат да бидат членови на Факултетското студентско собрание треба да достават пријава и потврда за студент на соодветниот факултет кај техничките секретари на нивните матични факултети.

Сите пријави ќе ги разгледуваат комисии кои се веќе формирани во рамките на факултети при УГД и согласно со тоа ќе се распишат избори за Факултетско студентско собрание на сите факултети на 4.12.2019 година од 10.00 до 15.00 часот.

На денот на изборите секој студент има право да гласа на својот матичен факултет со приложување на индекс.

Факултетско студентско собрание треба да се избере на секој факултет и тоа брои 10 студенти. Откако ќе се конституира собранието, на конститутивна седница тоа ќе треба да избере претседател на собрание на факултет и да именува по двајца членови во Универзитетско собрание, еден или двајца членови (зависно од статутот) во наставно-научните совети на факултетите и по еден член во Одборот за соработка и доверба со јавноста.

Откако Факултетското собрание ќе формира Универзитетско собрание тоа на конститутивна седница ќе избере претседател на Универзитетското собрание и ќе именува соодветни претставници во телата на Универзитетот.

Целата постапка ќе заврши со формирање на нови раководни студентски тела според новиот Закон и Статут на УГД.

Мандатите на сите студентски функции се во траење од една година.

Последен пат изменето на Петок, 08 Ноември 2019 08:31
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…