Онлајн платформа за физичка активност

Во период кога сме принудени на ограничено движење, онлајн учење и пролонгирано седење, постојат алтернативни форми на физичка активност.

Со логирање на следниот линк: https://brain-breaks.com/…(sign in/log in) пристапувате на онлајн платформа на која се достапни кратки видеа со различни форми на движење, елементи од различни спортови, танци од различни делови на светот, вклучувајќи ја и Македонија (дел video libary). Истите првенствено се наменети како форми на активна пауза, односно форма на активен одмор и отстранување на менталниот замор. Се препорачува да се користат 45 – 50 мин. по период на интелектуален замор, седење пред компјутер, телевизор и сл.
Дополнително, на платформата се достапни и бројни едукативни видеа, квизови и наставни ресурси за деца на различни возрасти кои нудат можност за забавно, интегрирано и интерактивно учење (дел: dashboard).

Платформата досега успешно се применува во училишта и универзитети во повеќе од 50 земји низ целиот свет, вклучително и Македонија. Резултатите од истражувањата за ефектите на примената на Brain Break, вклучително и резултатите од истражувањата во Македонија, покажуваат позитивни ефекти во ставовите кон сопствената физичка активност, свесноста за сопствениот степен на активност, подобрено внимание, подобро расположение, подобар фокус на задачите кои се реализираат по примена на активната пауза. Платформата како ресурс и форма за активна пауза веќе 2 години активно се користи со и од студентите на Факултет за образовни науки.

Видеата од Македонија се снимени со студенти од студиската програма Етнокореологија на Факултетот за музичка уметност, под менторство на професори од ФМУ и ФОН.

Материјалите на платформата се достапни благодарение на Global Community Health Foundation (GCH) & Hop Sports Inc и истите се во насока на поддршка на United Nations Sustainable Development Goals.

Чувајте се и бидете активни!

Последен пат изменето на Петок, 03 Април 2020 11:13
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…