УГД ФИТ предизвик – ПРИЈАВИ СЕ!

Физичката активност е најефикасниот начин за зачувување на физичкото и менталното здравје и најмоќно средство во борба со пандемијата. Оттука, со цел да ја поттикнеме физичката активност кај студентите на УГД, започнуваме со „УГД ФИТ ПРЕДИЗВИК – активност за секој студент“. Истиот се состои од 6 различни онлајн предизвици креирани од студентите членови на спортските екипи на УГД и наставниците по Спорт и рекреација.

Секој студент на УГД може да одбере еден или повеќе предизвици и да се предизвика себеси и своите колеги да направат најголем број повторувања од дадениот предизвик за време од 30 секунди. Истото треба да се сними и снимката да се прати на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или во порака на Microsoft Teams кај наставниците по Спорт и рекреација.

За најдобрите три резултати во секој предизвик, посебно за мажи и посебно за жени ќе бидат доделени награди од Универзитетскиот спортски и културен центар. Оценувањето ќе го прави комисија составена од наставниците по Спорт и рекреација и студенти – спортисти.

           Пријавување:

  • 27.03.2021 година - Регистрација на посочениот линк  
  • 04.04.2021 година -Краен рок за праќање на снимените видеа на  е- маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или во  порака на Microsoft Teams кај наставниците по Спорт и рекреација (Ванчо Барбареев и Љупчо Нехтенин). 
  • 07.04.2021 година - објавување на победниците 

Награди: обезбедени од Универзитетски спортски и културен центар.

         Кои се предизвиците?

       Предизвик 1: Поскоци на греда

       Наизменично потскокнување и качување на греда со една и со друга нога наизменично на ниска гимнастичка греда (или друга подлога со висина од 40 до 50 см). Се вреднува максималниот број на допири со стапалото на стартната нога за време од 30 секунди. Погледнете го видеото на линкот со објаснување за предизвикот https://youtu.be/kW-1sN3pTdU

      Предизвик 2: Поскоци со јаже

      Суножни (со две нозе истовремено) поскоци со јаже кое студентот сам го врти. Се вреднува максималниот број на поскокувања без прекин во време од 30 секунди. Погледнете го видеото на линкот со објаснување за предизвикот https://youtu.be/18VwLrmAkjw

       Предизвик 3: Предизвик одбојка

      Задржете ја топката високо и со потфрлање покрај телото, одбивајте ја топката над главата наизменично со прсти и подлактница. Бројот на континуирани повторувања на комбинацијата по точниот редослед, во период од максимум 30 секунди се евидентира како резултат. Погледнете го видеото на линкот со објаснување за предизвикот https://youtu.be/aQdnoLx0W8A

         Предизвик 4: Склек (варијанта женски склек)

        Потпрени на дланки и потколеници, рацете се поставени во ширина на рамењата, потколениците се прекрстени и подигнати нагоре, трупот и натколениците се во права линија. Се спушта трупот до подлогата и се крева во почетната положба. Се оценува максималниот број на правилни изведби за време од 30 секунди. Погледнете го видеото на линкот со објаснување за предизвикот https://youtu.be/F6LHb5G_bl0

          Предизвик 5: Склек (варијанта машки склек)

       Потпрени на дланки и стапала, рацете се поставени малку пошироко од ширината на рамењата, целото тело е во права линија. Се спушта трупот до подлогата со допирање на подлогата со гради и се крева назад во почетната положба. Се оценува максималниот број на правилни изведби за време од 30 секунди. Погледнете го видеото на линкот со објаснување за предизвикот https://youtu.be/FuDMqpaDOic

         Предизвик 6: Подигнување на трупот

          Легнати на грб, рацете се прекрстени зад главата, лактите се отворени кон надвор. Нозете се свиткани во зглобот на коленото и прекрстени во зглобот на стапалото. Од положба легнат на грб, се крева трупот и со лактите се допираат колената. Се враќа назад сѐ додека рамењата и лактите не ја допрат подлогата. Се оценува максималниот број на правилни изведби во време од 30 секунди. Погледнете го видеото на линкот со објаснување за предизвикот https://youtu.be/JwLOlzpHYBo

       Регистрирајте се на линкот https://forms.office.com/Pages/ResponsePage.aspx?id=lHrnRHLwj06CGvwtwCzGXUFCxtkPGERHsO9YKQW4OiJUMFo3U1k4STEwMjhMUlQyWDJNN0cySlFFTy4u 

       Одберете еден или повеќе предизвици

  • Снимете го вашето најдобро постигнување
  • Пратете го на мејл: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или во порака на Microsoft Teams кај наставниците по Спорт и рекреација (Ванчо Барбареев и Љупчо Нехтенин).

       Право на учество имаат сите редовни и вонредни студенти на УГД.

        За сите дополнителни информации пишете на мејл: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

        За здрав и активен УГД. Ти можеш! Успех!

Последен пат изменето на Вторник, 16 Март 2021 15:45
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…