Средба за добредојде за 20 студенти од Европа, дел од Еразмус +

Средба за добредојде организираше Одделението за меѓународна соработка за 20-тина студенти од повеќе европски држави, кои преку програмата Еразмус плус во наредниот период ќе престојуваат во Штип, на факултетите на Универзитетот „Гоце Делчев“.

- Оваа година имаме 20 студенти, од Италија, Шпанија, Полска, Турција, Германија, Словачка, кои ќе бидат дел од едукативната средина на нашиот Универзитет. Тие ќе имаат можност да ја следат наставата онлајн, но и да имаат состаноци со професорите. Со оваа средба им посакуваме добредојде, да се запознаат со македонската култура и традиција, и да бидат дел од нашата Еразмус дружба. Како Одделение за меѓународна соработка ќе се потрудиме да им понудиме повеќе содржини и настани, за овие студенти да се чувствуваат како дел од оваа навистина добра програма. Најмногу студенти има на Факултетот за медицински науки, но и на Машинскиот, на Информатика, Филолошкиот, Факултетот за образовни науки и на Економскиот и Правниот факултет – изјави м-р Сања Стефанова од Одделението за меѓународна соработка на УГД.

Што се однесува на студентите од УГД, оваа година 30 студенти одат на Еразмус размена, некои од нив веќе заминаа на европските универзитети кои ги избраа.

Студентите кои во наредните месеци ќе бидат дел од УГД, Штип и Македонија, изјавуваат дека дел од нив за УГД дознале од листата на универзитети со кои нивната институција имала соработка, но дел од нив дознале по препорака на колеги кои веќе престојувале на УГД.

Последен пат изменето на Петок, 29 Октомври 2021 10:30
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…